Меџити: Сите фрлаат со оган и стрели кон Уставниот суд, не сакаме да има негативен углед

од Nikola Popovski
42 прегледи

Оваа година манифестацијата нè дочека во жестока дебата околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е за дефокусирање на јавниот интерес и произведување вештачка криза таму каде што нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во регионот. Сум повторил и ќе кажам повторно – ниту едно право не може да се укине. Ако сакаме луѓето да ги третираме рамноправни во мултиетничко општество, тогаш наша задача е да им обезбедиме вршење на слобода и права. Уставниот суд, за жал, денеска се претвори во змеј и сите фрлаат со оган, гнев и стрели кон оваа институција, на која треба да се гледа со почит како гарант за правата на граѓаните, рече денеска вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.

Меџити додаде дека не сака ниту една институција да има таков негативен углед и ги повикува сите институции да ја спроведуваат својата работа согласно надлежностите.

-Очекуваме од Уставниот суд да се занимава со правата на граѓаните, а не да се пушта во политички води и да зазема страна.  Чувајќи го празниот карактер на денешниот ден, сакам да честитам на сите Албанци, кажа Меџити на свечената академија во Владата по повод Денот на албанската азбука.

Слични содржини