Меџити со месеци не разговарал со Ахмети, за Алијанса вели дека е „Огнена група“ во Владата

од Nikola Popovski
302 прегледи

Поранешниот пратеник од ДУИ и лидер на ново политичко движење, Изет Меџити денеска информира дека веќе некое време не разговара со Али Ахмети, бидејќи како што вели, нема што повеќе да се разговара. Истакнува дека го молел партискиот лидер Али Ахмети да не дојде до поделба на партијата.

За жал, немаме комуникација повеќе од 7-8 месеци. Тој не комуницираше со мене, но и јас не комуницирав со него. Ги знаеме одговорите еден на друг. Многупати сме дебатирале за нив, сум се трудел, сум го молел до Бога да не дојдеме до оваа ситуација. Сега оваа дебата е исцрпена и нема што да разговараме, рече Меџити во емисијата „Клик плус“.

Смета дека СДСМ, ДУИ и Алијанса имаат проблем со бројките и тешко ќе стасаат до потребни пратеници за донесување обични закони, а уште помалку до бројка која може да гарантира усвојување на уставните амандмани. Вели дека досега „во живот“ ги одржувал пратеникот Кастриот Реџепи, кој ќе дејствува како независен пратеник во неговото политичко движење.

Истакна и дека со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари има комуникација бидејќи се стари пријатели.

Меџити вели дека има разговори и со други лица од Алијанса и дека од неодамна оваа партија ја презеде улогата на „Огнената група“ во Владата.

Слични содржини