Меџити тврди дека целосна гасификација ќе придонесе за почист воздух во земјава

од Nikola Popovski
34 прегледи

Иако состојбата е лоша, секоја година има подобрување во оваа насока, но не е доволно. Работиме на план како министерство за климатските промени и чист воздух. Работиме и со надворешни организации, со добри примери и добри пракси. Според сите анализи, главниот фактор на загадувањето во Скопје и во урбаните средини во Македонија е што домаќинствата користат сѐ и сешто, изјави министерот за животна средина, Изет Меџити пред презентација на резултатите од истражувањето на изворите на загадување на воздухот.

За Меџити, клучно решение е целосна гасификација на Македонија и тоа да биде топ-приоритет. Според него, само така ќе се придонесе за почист воздух во земјава.

-Сите треба да придонесат во насоката, како на пример преку замена каде што се грејат на мазут, како што е предвидената донација од еколошки автобуси за Град Скопје… Имаме и предлог-план до Влада за да се поддржат електричните возила. Сите мораме да работиме на свеста, само така ќе ја оствариме целта, тврди првиот вицепремиер.

Слични содржини