Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити во дебатата на ТВ Еуроњуз Албанија рече дека за албанската опозиција уставните измени би биле прифатливи само доколку ја опфатат промената на позицијата на Албанците, како втора и најважна заедница во Република Северна Македонија.
– Не се согласуваме Албанците да бидат рамноправни со другите заедници кои бројат 300 жители, бидејќи тоа е навистина нелогично. Ако тоа се дозволи, тогаш ќе имаме многу проблеми со Бадентеровиот принцип, кој беше еден од клучните фактори за постигнување на мирот од 2001 година. Затоа, прифаќањето на Албанците како државотворци би го официјализирало и албанскиот јазик на државно ниво и немаше да ги имаме сегашните неизвесности како резултат на различни толкувања, рече Меџити.
Првиот човек на Демократското движење додаде дека Албанците во С. Македонија за првпат ќе имаат две опции, позиција и сериозна опозиција, за првпат сите незадоволни од ситуацијата во земјата ќе има за кого да гласаат и тоа ја зголемува надежта кај граѓаните дека ќе се случи долгоочекуваната промена.
„Веќе месец и половина промената е забележлива. Албанците сега имаат две опции, придонесовме да имаме два блока, позиција и опозиција, ќе се обидеме да ја најдеме дијагнозата за болеста и неуспесите на нашите градоначалници и ќе излеземе со конкретни решенија и не само со критики, нема да ги делиме политичарите и партиите на предавници како и досега, но врз основа на дела и неуспеси“, рече Меџити кој додаде дека со ДУИ можат да седнат на иста маса само како рамноправни партии.