Претседателот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити за преговорите околу поделбата на ресорите со останатите партии, вели дека договорено е во првите 100 дена од Владата да бидат разгледани сите сомнителни одлуки поврзани со казината во земјава.
Меџити во изјава за весникот „LAJM“ ветил дека новата Влада ќе се заложи за намалување на бројот на казина.
„Нема да учествуваме во Државната лотарија. Разговаравме дека меѓу првите точки во Vладата треба да се преиспита прашањето за казината, да се укинат незаконските решенија што се донесени и очигледно, радикално да се намали нивниот број бидејќи во оваа кревка економија, во овој период кога младите луѓето ни бегаат, не ни требаат казина. Ни требаат нови работни места и економски развој“, констатирал Меџити.