Meџити: Во тек е евалуацијата на пристигнатите апликации за ставање нови лекови на позитивна листа

од Nikola Popovski
281 прегледи

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити учествуваше на панел дискусијата во рамки на конференцијата за здравство под наслов „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем”, организирана од Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам).

Во однос на обновувањето на позитивната листа министерот истакна дека е во тек евалуацијата на пристигнатите апликации за ставање лек на позитивна листа, од кои околу 21 за лекови и четири за нутриенси. Апликациите се однесуваат на лекови што ги покриваат индикациите на малигните болести, мултипла склероза, кардиоваскуларните болести и хемофилија, како болести со посебно општествено-медицинско значење и намена за посебна ранлива група на пациенти.

– Ставањето лек на позитивна листа на лекови е процес, кој повторно доби свој нов почеток оваа година откако се донесоа измени во два системски закона и се донесе новиот правилник за позитивна листа. Со тоа европските практики во оваа област се воведоа и во нашата земја и процесот на имплементација е веќе практика. За 2024 година, од Фондот до Министерството за финансии се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа. Сите ние присутни претставници од релевантните институции ќе дадеме максимални напори за обезбедување пораст на буџетските средства за лекови, за да се овозможи следење на здравствените придобивки во третманите на болестите со современа терапија, посочи министерот Меџити.

Воедно, министерот информираше дека е во тек изработката на нови упатства за третман на медицинските болести, односно донесување нови национални терапевтски водичи што помагаат во изборот на најадекватна терапија кај секоја медицинска состојба, кои истовремено ќе бидат од корист и на стручната комисија во насока на постигнување одржливо и континуирано финансирање на лековите што ќе бидат дел од позитивната листа.

Слични содржини