Меџити: Вработувањата треба да се вршат по меритократија – не се согласувам дека само Македонците имаат квалитет, а другите немаат

од Nikola Popovski
504 прегледи

Првиот вицепремиер и министер Изет Меџити синоќа повторно говореше за новата опозиција. Според него, ДУИ и Европскиот фронт мора да биде конструктивна опозиција и да има нови идеи.

„Мора да се помират со реалноста дека веќе заминаа во опозиција. Секоја нивна секојдневна реакција кон нас покажува дека не можат да прифатат дека по 20 години се во опозиција“, кажа Меџити во емисијата „Топ тема“.

„Што се однесува до реакциите на албанската опозиција, тие првично немаат јавни позиции, со самиот факт што еднаш ја критикуваа реорганизацијата на Владата, но потоа гласаа со нас иако не критикуваа 2-3 дена. Исто така сега со патувањето во Вашингтон – таму е и спикерот Гаши како и премиерот, кои имаат своја агенда за 75-годишнината од НАТО. Затоа велам дека нивните критики не се соодветни. Ќе има и други делегации во Лондон и Брисел. Во Лондон ќе бидам јас, додека во Брисел ќе бидам Орхан Муртезани итн“, рече Меџити во врска со критиките дека албанските преставници биле оставени на страна во однос на Самитот на НАТО во Вашингтон.

На прашањето како треба да се врши вработувањето на граѓаните, Меџити изјави:

„Порано биле вработени 98 отсто од Македонците и само 2 отсто од другите етнички групи. Мислам дека вработувањата треба да се вршат по меритократија. Не се согласувам дека само Македонците имаат квалитет, а другите немаат. Албанецот ако заслужува, треба да се вработи – од друга страна и Македонец заслужува да се вработи или во Сарај или во Чаир каде и тие се малцинство“.

Околу неговите ингеренции и како планира да ја извршува функцијата, првиот вицепремиер истакна:

„Нема да седам ниту во фотелјата на првиот вицепремиер, ниту во таа на министерот бидејќи се знае дека најмногу сум на терен. Близок сум со граѓаните. Така сум познат. Повеќе се справувам со проблеми. И како градоначалник на општината, но и сега како извршен функционер ќе бидам ист. Екологијата заслужува поголемо внимание во нашето општество бидејќи е приоритет во европските влади. Двете функции како прв вицепремиер и министер ќе имаат поголема тежина поради некои одлуки што треба да се донесат, нови закони или реформи“, рече Меџити.

Слични содржини