Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити синоќа говорел за проектот „Безбеден град“, за кој, како што рече, дава ефекти и треба да се земе во предвид. Меџити смета дека во иднина може да има ублажување на мерките, со што, како што рече, граѓаните ќе бидат повнимателни и нема да има потреба од ригорозни мерки.
„Крајната цел не е да им се наштети на граѓаните, туку токму да има правила и да се спасат животи. Ништо не е идеално. Со текот на времето, кога граѓаните ќе бидат посвесни, повеќе ќе ги почитуваат правилата, тогаш ќе има помала потреба од ригорозни мерки“, изјавил Меџити во емисијата „Клик плус“.
Што се однесува до употребата на албанскиот јазик во проектот, Меџити вели дека реагирале и дека мора да се спроведе до крај.
„Системот не е имплементиран, тоа е тест. Со подготовка за воведување, сè ќе функционира“, изјавил еден од лидерите на ВЛЕН.
Во своето телевизиско гостување, Меџити, во врска со реконструкцијата на владата, нагласува дека е направена промена во рамките на ВЛЕН, но разговорите биле дека ќе има реконструкција од март или април.
„Секако ќе има промени, динамиката бара да има засилување на извршната власт и од ВЛЕН. Задоволни сме од работата на министрите, но ќе има промени“, порачал градоначалникот.