Меџити за писмата на Ахмети: Празни муабети што сме ги слушнале во минатото

од Nikola Popovski
33 прегледи

Првиот вицепремиер и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, не смета дека е соодветно да ги коментира писмата на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, испратени до премиерот Христијан Мицкоски, како и до меѓународни претставници и лидери.

При увидот на работите на автопатот Гостивар-Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, Меџити рече дека актуелната Влада не се занимава со празни муабети, туку со конкретна работа.

„Денеска не сме тука за писма и празни муабети. Доста ги слушнавме во минатото. Не сме тука ниту за да играме фудбал. Тука сме за конкретна работа – Коридорот 8 и среќен сум за динамиката што е во полн ек за реализација на овој битен проект за државата“, кажа Меџити пред медиумите.

Не сум го добил писмото од Ахмети – уверува премиерот Христијан Мицкоски. Вели, кога ќе го добие ќе му посвети внимание како и на сите писма кои секојдневно ги добива, па дури тогаш ќе даде коментар.

„Навистина го немам добиено, секојдневно добивам писма. Со големо внимание посветувам кон сите граѓани. Така постапува одговорна Влада. Ние не играме фудбалчиња, ние сме одговорни“, изјави Мицкоски.

Претседателот на интегративците испрати писмо адресирано до претседателот на Владата во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, соопшти партијата.

Слични содржини