Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека Законот за јазиците произлегува од Охридскиот договор и го повика Уставниот суд да го третира не само како правно, туку и како политичко прашање.
„Ги повикувам сите институции и граѓани мирно да ја сфатат оваа работа, го повикувам и Уставниот суд да го гледа ова како политичко, а не само правно прашање. Затоа што Законот на јазиците произлегува од Охридскиот договор, кој е столб на оваа држава. Значи секој што влијае на Охридскиот договор, влијае на меѓуетничките односи и на стабилноста на оваа држава. Затоа, ги повикувам сите како што треба да го затворат ова чувствително прашање“, кажал денеска Меџити при обраќање настанот за програмата „Подобрување на отпорноста по поплави во полошкиот регион“, што денес се одржа во Тетово.
ДУИ преку соопштение реагираше дека секој обид за укинување на било која одредба од овој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот „кои оваа земја ги изгради со многу жртви“.
Уставниот суд на 11 декември треба да ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците.