Меџити: Здравството е во тешка состојба и треба да се почне да се работи

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека мора да се реши прашањето за здравствените работници кои повеќе години работат по договор на дело.

– Тие работат по пет-шест години со договор на дело, а некои од нив и повеќе години. Затоа прашањето го отворив на седница на Влада минатиот вторник и имавме жолчна расправа со министерот за финансии. Треба да се залагаме овие прашања да ги решаваме и да ги поставиме на прав пат. Едвај ја чекам новата седница на Влада во вторник да видам кои се размислувања и што понатаму, истакна Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што рече, здравството е во тешка состојба и треба да се почне да се работи. Според него, прашањата не може да се решат преку ноќ, но потребна е добра реорганизација во здравството.

Слични содржини