Медуза: Кремљ планира да одржи референдуми во Доњецк и Луганск

од Nikola Popovski

Кремљ планира да одржи референдуми во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина за евентуално приклучување кон Русија, пишува независниот медиум Медуза, со седиште во Латвија.

Порталот се повикува на извори блиски до Кремљ кои тврдат дека се планира референдуми да се одржат следниот месец. Според изворите, Кремљ планирал да го стори тоа кон крајот на април, но било одложувано неколку пати „поради неуспехот на руската армија на бојното поле“.

Украина веќе предупреди дека Русија може да организира лажни референдуми во блиска иднина.

 

Слични содржини