Медведев ѝ се заблагодари на Европската унија, испрати силна порака до Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев ѝ се „заблагодари“ на Европската унија за растот на руската економија.

„Стапи на сила дванаесеттиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Во меѓувреме, европската економија незапирливо се лизга во рецесија“, напиша Медведев на социјалната мрежа Х.

Тој наведе дека германскиот БДП паднал за 0,2 отсто во вториот и за 0,3 отсто во третиот квартал, додавајќи дека пад на БДП е забележан и во Франција. Според него, падот на БДП на земјите-членки на ЕУ би можел да трае до средината на 2024 година.

„Од друга страна, БДП на Русија порасна за 5,5 отсто на годишна основа во третиот квартал и за 7,8 отсто во вториот квартал. Сега е време да се размислува за нов пакет санкции против нашата земја. ЕУ, ти благодарам за растот на руската економија“, порача Медведев.

Новиот пакет санкции вклучува мерки за ограничување на увоз, купување или трансфер на руски дијаманти, нови ограничувања и контроли на увозот и извозот, а покрај економските санкции, Советот на ЕУ одлучи да стави одреден број физички и правни лица на листата.

Слични содржини