Медведев: 14-те титули на Ролан Гарос за Надал се најголемо достигнување во било кој спорт

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Светскиот рекет број 4, Данил Медведев, вели дека 14-те титули на Ролан Гарос на Рафаел Надал се едно од најголемите достигнувања во историјата на спортот.

Надал се повлече поради повреда од Индијан Велс, некои новинари веќе полека го праќаат во пензија, па тука се и прашањата – Медведев беше прашан кое е најголемото наследство на Рафа, по што ќе биде запаметен.

„Можеме да најдеме сто работи за Рафа и колку е добар. Според мене има две работи по кои најмногу ќе остане запаметен. Прво – тој е борец. На колку натпревари, некои против мене, го видовме како се бори до последниот поен, со висок интензитет. Тоа е знаењето што го имате на мечот со Рафа, не е лесно да се игра против тоа. Јас или некои други играчи – понекогаш имаш лош ден, нерасположен си, повреда, но тој го нема тоа, тој е таму од првиот до последниот поен“, вели Медведев и додава:

„Второ – Ролан Гарос, го освои 14 пати, ако не се лажам. Тоа е неверојатно. Мислам дека нема такво достигнување во ниту еден спорт, можеби некои може да се споредат, но 14 титули на РГ. Се надевам дека ќе можам да играм 14 од нив во мојот живот“.

Медведев се осврна и на соработката со Жил Симон, кој неодамна дојде во тимот.

„Нема да патуваме премногу заедно, веројатно 13-14 недели на Тур, што не е малку. Не рековме дека ќе работиме една година или точно колку, но ќе видиме како ќе биде, па потоа ќе одлучиме. Досега оди многу добро, веќе пробавме некои работи во Дубаи, но потребно е време“, истакна Русинот.

Слични содржини