Медведев: Американците отворија нов фронт за да го одвлечат вниманието од проблемите во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Американците отворија нов фронт против Хутите во Јемен и на овој начин го одвлекуваат вниманието од нивните проблематични штитеници во Киев, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

„Проблемите со нив се монструозни. Долго време ни викаа дека раководството на Украина е безгрешно. Дека не земале ниту долар. Свети патриоти. Ама не, испадна дека се банални и бескомпромисни крадци кои бараат огромни средства за оружјето кое им го даваат на Украинците“, напиша Медведев на социјалните мрежи.

Потсетуваме, во текот на ноќта на 11 јануари американската војска и нејзините сојузници извршија напади врз повеќе од 60 цели на 16 локации кои ги користат Хутите во Јемен.

Ова е прв напад врз Хутите откако групата почна да истрелува беспилотни летала и проектили врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите велат дека САД и Велика Британија ќе платат висока цена „за бесрамната агресија“.

Слични содржини