Поранешниот руски претседател (2008-2012) Дмитриј Медведев ја предупреди Европа дека може сама да создаде економски проблеми како резултат на тешкотиите на Русија, јави ДПА.
„Банкротот на Русија може да стане банкрот на Европа“, напиша во Телеграм Медведев, кој моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија и претседател на владејачката партија Единствена Русија.
Тој ја обвини претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен дека сака да ја банкротира неговата земја и ги опиша нејзините постапки како „тајни намери на бриселските мазохисти“.
Урсула фон дер Лејен претходно рече дека резултатот од западните санкции е само прашање на време кога Русија нема да може да ги плати долговите кон доверителите.
Во врска со острите санкции на Западот против Русија, Медведев рече дека тие можат да доведат до хиперинфлација во ЕУ, за што „не може повеќе да се обвинуваат злобните Руси“.
Медведев посочи дека на Европа можеби и недостасуваат основни прехранбени производи и дека украинските бегалци ќе предизвикаат „бран на насилен криминал“.
„Очекувајте моќна благодарност на обичните Европејци за хиперинфлацијата, која повеќе не може да им се припишува на злобните Руси, за недостигот на основни производи во продавниците и за приливот на бегалци, што ќе предизвика бран насилни злосторства полоши од албанските. Тогаш бриселските тетки и чичковци ќе мора да ја сменат својата реторика. Во спротивно, улиците на добро одржуваните европски градови ќе горат миризливи оган од гуми во чест на хероите на Мајдан и Големата победа (Велика перемога) над Европа!“
По неговото претседателствување, Медведев беше премиер на Русија во следните осум години.