Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, рече дека искуството, и домашното и меѓународното, покажува дека „невозможно е да се бориме против терористите со меѓународни санкции, заплашувања и дека тие го разбираат само јазикот на силата“.
„Затоа е неопходно да се кренат во воздух куќите на терористите и куќите на нивните роднини, да се бараат и елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја за судење против нив. Но, најважно е да се уништи највисокото раководство на терористичките формации, во какви пукнатини и да се кријат овие инсекти. Тешко е, но изводливо“, наведе Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин изјави дека украинските власти „сега терористичкиот напад на мостот на Крим го претставуваат како национално достигнување“.