Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Лондон историски покажал и ќе продолжи да покажува непријателство кон Москва.
„Британија отсекогаш била, и сè уште е наш вечен непријател. Барем така ќе биде додека нивниот арогантен, одвратен влажен остров не потоне во морската бездна од брановите што ќе го лансираат најсовремениот руски вооружен систем“, сподели Медведев на Телеграм.
Како што јави ТАСС, Медведев ги коментирал последните санкции воведени од Велика Британија против пет лица вклучени во истрагата против затворениот руски опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој е означен како странски агент во Русија.