Лондон всушност води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се гледа како легитимна воена цел, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Димитриј Медведев.
„Велика Британија денес делува како сојузник на Украина, обезбедувајќи ѝ опрема и персонал како воена помош, што значи дека де факто води необјавена војна против Русија. Затоа, секој од функционерите на Велика Британија, воени и цивилни, кои придонесуваат за воените напори, може да се смета за легитимна воена цел“, напиша Медведев на Твитер, коментирајќи ја изјавата на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, пренесе ТАСС.
The UK’s Foreign Secretary Cleverly has stated that Ukraine “has the legitimate right to … project force beyond its borders to undermine Russia’s ability to project force into Ukraine itself.” According to him, legitimate military targets beyond Ukraine’s border are part of its…
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) May 31, 2023
Британскиот дипломат вчера ги оправда нападите со дронови врз Москва, велејќи дека Украина има право да напаѓа цели на руска територија во самоодбрана.
„Глупавите функционери во Велика Британија, нашиот вечен непријател, треба да запомнат дека според универзално признатото меѓународно право, кое го регулира водењето на војната во современи услови, вклучувајќи ги Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивната ситуација може да се квалификува како војна“, предупреди Медведев.