Медведев до НАТО „пријателите“: Дали сега сфативте? Ќе биде полошо!

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Поранешниот руски претседател и заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на платформата X, се осврна на војната на Блискиот Исток

„Па, пријатели на НАТО, навистина сфативте, нели? Оружјето предадено на нацистичкиот режим во Украина сега активно се користи против Израел. И само ќе биде полошо. Очекувајте проектили, тенкови, а наскоро и авиони, свежи од Киев на црниот пазар“, напиша Медведев.

Да потсетиме дека во понеделникот Кремљ изрази екстремна загриженост за војната во Израел и на палестинските територии, предупредувајќи дека таа може да се прошири и на Блискиот Исток, а шефот на руската дипломатија работи со Арапската лига пред се за да се запре крвопролевањето.

„Ние сме крајно загрижени“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Со голема загриженост следиме што се случува со Израел и Блискиот исток. Сметаме дека е неопходно што е можно побрзо да се доведе ситуацијата до мирно разрешување бидејќи продолжувањето на ваквото насилство се заканува со понатамошна ескалација и ширење на конфликтот“, рече Песков. „Тоа е голема опасност за регионот“, додаде тој.

Слични содржини