Рускиот тенисер Данил Медведев на спектакуларен начин ја започна американската турнеја, во која успеа да ја освои титулата во Лос Кабос, Мексико победувајќи го Камерон Нори со 2:0, во сетови 7:5, 6:0.
Медведев неверојатно го одигра целиот турнир во Мексико и не загуби ниту еден сет во мечевите против Хиџикату, Беранкис, Кецмановиќ и Нори.
Со оваа титула Медведев ќе го зголеми бодовното салдо и од следната недела ќе има 7.875 бодови на АТП листата.