Медведев и се закани на Полска дека „ќе исчезне заедно со неговиот глупав премиер“, стигна одговор од Варшава: „Мешањето алкохол и дрога е опасно“

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Откако заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев напиша на Твитер дека Полска „дефинитивно ќе исчезне заедно со својот глупав премиер“, од Варшава пристигна брутален одговор.

На човекот кој „пали оган“ од почетокот на војната во Украина и најавуваше дека Русија ќе нападне други земји, му беше кажано дека комбинирањето алкохол и дрога е опасно.

„Господине Медведев, имајте на ум дека комбинирањето алкохол со дрога е многу опасно. Ве молиме, продолжете така“, се вели во одговорот на полската Агенција за национална безбедност, кој е објавен под коментарите на Медведев на Твитер.

„Не знам кој ќе победи или ќе изгуби во таква војна, но имајќи ја предвид улогата на Полска како бастион на НАТО во Европа, оваа земја сигурно ќе исчезне заедно со нејзиниот глупав премиер“, напиша Медведев.

Слични содржини