Данил Медведев од 14 часот ќе игра со Алекс де Минор на АТП финалето во Торино.
Сепак, прашање е како сето тоа ќе изгледа со оглед на интересната изјава што ја даде за руските медиуми по поразот на стартот од Тејлор Фриц, 6:4, 6:3.
Русинот призна дека во последно време има проблем да се мотивира.
На прашањето кога почувствувал дека мечот со Фриц е завршен, Медведев донекаде на шега рече:
„Да бидам искрен, пред три недели, бидејќи… Тоа е долга приказна, но… Ова чувство го имам две години, а особено во последните три месеци, се борам со нешто што не зависи од мене. Сакам да се борам, но јас сум уморен. Пред три недели му реков на тренерот: „Излегувам на теренот и воопшто не чувствувам желба“. Извини, требаше да кажам дека немам задоволство. Секогаш имам желба да се подобрам, да работам, да работам на мојот форхенд и бекхенд, сервис. Но, овие денови имам многу мала желба да играм тенис како што тоа е случај сега. Се трудам да се борам и така кога добивам меч во три сета стигнувам до четвртфинале или полуфинале на Мастерс. Но, овде во Торино и во Париз ја изгубив таа желба. Не сум сигурен дека ќе можам да ја најдам оваа година. Ќе се обидам, ќе видиме“, вели Данил.