Медведев ја намалува разликата на АТП листата

од Vladimir Zorba
216 прегледи

И покрај поразот во финалето на УС Опен од Данил Медведев, Новак Ѓоковиќ ќе го задржи првото место на АТП листата, но неговата предност се топи.

Пласманот на првите четири остана ист, но Ѓоковиќ сега има 1.533 бода предност пред Медведев, кој ќе има одредени шанси да заврши како број еден до крајот на годината.

Трет на листата е Гркот Стефанос Циципас, кој заостанува 2.430 поени зад Медведев.

Од денеска, Адлексанадар Зверев е на четвртото место, додека Андреј Рубљев се проби на петтото место, подобрувајќи го својот пласман за две позиции.

Рафаел Надал доживеа пад од едно место и се наоѓа на шестото место, додека за една позиција падна и Матео Беретини.

Австриецот Доминик Тим не можеше да ја одбрани титулата во Њујорк, па падна за две места и сега е осми играч во светот, додека Роџер Федерер е на деветтата позиција.

Првата десетка ја комплетира Норвежанецот Каспер Руд.