Доколку се се одвива според „возниот ред“ до крајот, Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, првиот и вториот тенисер во светот, треба да играат во финалето на УС Опен.
Сепак, има долг пат и за двајцата, Русинот стигна до полуфиналето, каде ќе има меч со Оже-Алијасим, додека српскиот ас вечерва во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Матео Беретини.
Затоа Медведев не сакаше да зборува за можна средба со Ноле во борбата за трофејот на прес -конференцијата по пласманот во полуфиналето.
„Не размислувам за средба со Ѓоковиќ, бидејќи видовме дека секој може да победи секого. Ќе бидам среќен ако двајцата се пласираме во финалето. Тој не игра во истите денови со мене, затоа ги гледам неговите натпревари и уживам“, рече Медведев.
На Новак му претстои тешка работа: доколку го помине Беретини, противник во полуфиналето најверојатно ќе му биде Зверев.
„Не сакам да поддржувам никого. Само ќе уживам во тенисот и ќе се подготвам за дуелот со победникот. Како и секој друг натпревар“.
Трета година по ред, Медведев се пласираше во полуфиналето на УС Опен. Само му недостасува првиот Гренд слем трофеј во кариерата …
„Навистина сум среќен што сум трета година по ред меѓу најдобрите четири. Не можев ниту да сонувам за тоа пред четири години“, призна Данил Медведев.