251
Рускиот тенисер Данил Медведев ќе стане вториот играч во светот на 15 март, откако ќе го прескокне Рафаел Надал.
Тоа ќе биде најдобриот пласман во кариерата на Медведев, а покрај тоа, тој ќе направи нешто што, освен неколку негови колеги, никој не го сторил во последните 15 години.
Русинот ќе стане првиот тенисер кој ќе се најде во топ 2 на АТП ранг-листата од 2005 година, без да биде член на „големата четворка“ составена од Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј.