Медведев: Макрон и другите лидери на западните земји се спонзори на терористичкиот напад

од Vladimir Zorba
556 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон и голем број други западни лидери се спонзори на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ на 22 март во предградијата на Москва.

„Соучесници: да, барем самиот Макрон, неговата реторика, неговите постапки и што е најважно, неговите тајни операции со режимот на Бандера може да се квалификуваат како соучесништво во терористичкиот напад на 22 март… Јасно е дека Макрон и многу други западни лидери го спонзорираа овој ужасен терористички напад. За ова нема прошка“, напиша Медведев на каналот Телеграм, пренесува РИА Новости.

Според последните податоци, во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус Сити хол“ во Красногорск кај Москва загинаа 145 лица.

Слични содржини