Медведев: Можно е Русија да анектира уште украински територии

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи можност за натамошна анексија на територија на Украина, јави германската новинска агенција dpa, пренесува Хина.

На партискиот конгрес на партијата Единствена Русија во Кремљ, Медведев во петокот рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени кон Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

„Тоа искуство, инаку, би можело да биде од помош доколку кај нас се појават уште нови региони кои се многу блиску“, што, како што рече, е сосема можно.

Медведев останува влијателен како претседател на партијата Единствена Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија.

Русија, која започна војна против Украина во февруари 2022 година под изговор дека го штити цивилното население на Донбас што зборува руски, досега само делумно ги окупираше четирите региони, но бара нивно предавање од Киев како предуслов за мировни преговори.

Москва постојано се заканува со дополнителни анексии доколку Украина не го прифати барањето.

Слични содржини