Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев денеска изјави дека московските власти нема да дозволат раскол и предавство и дека секој што ќе се обиде да го стори тоа ќе биде поразен.
Медведев на својот Телеграм канал објави дека предавството е патот до најголемата трагедија, универзална катастрофа која властите нема да ја дозволат, пренесе РИА.
„Расколот и предавството се патот до најголемата трагедија, универзална катастрофа. Нема да дозволиме. Непријателот ќе биде поразен! Победата ќе биде наша!“ напиша Медведев.