Медведев: Нуклеарна апокалипса е прилично веројатна

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави во понеделникот дека сценариото за нуклеарна апокалипса е сосема веројатно.

„Ќе спомнам една работа што политичарите не сакаат да ја признаат: нуклеарна апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, рече Медведев.

Тој тврди дека има најмалку две причини за ваквото сценарио, а како прва причина ја наведува сегашната конфронтација меѓу Русија и Западот.

„Светот е во многу полоша конфронтација отколку за време на карипската криза, бидејќи нашите противници решија навистина да ја поразат најголемата нуклеарна сила – Русија“, рече Медведев.

Друга причина е отсуството на табуа во однос на употребата на нуклеарно оружје, кое, како што рече, веќе било користено и претходно.

Слични содржини