335
Одбивањето на Украина да преговара ќе ѝ овозможи на Русија да го заврши она што го започна за време на специјалната воена операција, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој на Телеграм напиша дека за Москва е корисно што украинските власти претставија неодржлива „формула за мир“, отфрлајќи ги другите формати на дијалог.
Медведев потсети дека на почетокот на октомври претседателот на Украина Володимир Зеленски ја одобри одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за неможноста за преговори со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.