Русија сега нема односи со САД, тие се на апсолутна нула, односно не е можно дополнително да се замрзнат, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Сега немаме односи со Соединетите држави. Тие се на нула на скалата на Калвин. И нивното одмрзнување сега не е потребно. И засега, не е неопходно да се преговара со нив. Тоа е штетно за Русија“, рече Медведев, пренесе „Спутник“.
Претседателот на Советот за безбедност на Русија смета дека сега е најнеповолното можно време за нови преговори со САД за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (SNV-3).