Медведев: Ова момче престана да сонува! Повеќе би сакал да играм во Москва отколку на Вимблдон или Ролан Гарос!

од Vladimir Zorba
355 прегледи

По болниот пораз во финалето на Австралија опен, рускиот тениски ас Данил Медведев ја одржа една од најемотивните конференции во историјата на тенисот.

Рафаел Надал направи епски пресврт на крилата на огромната поддршка од навивачите во Мелбурн и го совлада Медведев по речиси пет и пол часа игра со 3:2 и со тоа стигна до својата 21. Гренд слем титула во кариерата.

Натпреварот го одбележа скандалозното однесување на публиката на стадионот „Род Лејвер“, која направи се за да го поремети рускиот ас во текот на мечот. Видно изнервиран Медведев во неколку наврати му се пожали на судијата за однесувањето на навивачите, но немаше помош.

Сето тоа го повреди Медведев …

„Од сега па натаму ќе играм само за себе, за моето семејство, за луѓето кои веруваат во мене и, се разбира, за сите Руси, бидејќи овде чувствував голема поддршка. Вака ќе ви кажам. Ако се организира турнир на тврда подлога во Москва, пред Ролан Гарос или Вимблдон, ќе одам таму дури и по цена да го пропуштам Вимблдон или Ролан Гарос или некој друг голем турнир. Ова момче престана да сонува. Ова момче ќе игра само за себе. тоа е тоа. Тоа е мојата приказна“, изјави разочараниот Медведев.

Во продолжение на претставувањето рускиот ас откри зошто донел таква одлука.

„Ќе ви дадам мал пример. Пред да сервира Рафа, дури и во петтиот сет, ќе се случеше некој да викне „Ајде Данил!“. Немаше да ме чуди да е само еден човек. А илјада луѓе веднаш ќе реагираа. со „Пссссст! А кога дофрлањето се случуваше пред мојот сервис, такво замолкнување не се слушаше. Знаете, тоа е поразително. Тоа е непочитување. Непочитување. Не сум сигурен дека ќе играм тенис по 30 години“, изјави рускиот ас.