28
По нападите на САД врз Иран преку ноќ, некои земји се подготвени да му го предадат своето нуклеарно оружје на Техеран, напиша на Телеграм каналот заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев.
„Голем број земји се подготвени директно да го снабдат Иран со своето нуклеарно оружје“, рече Медведев, пренесува ТАСС.
Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп требало да биде миротворец, но дека започнал нова војна.