Медведев повика на протерување на амбасадорите на ЕУ

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека поради одбивањето да се сретнат со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, амбасадорите на земјите од Европската унија (ЕУ) треба да бидат протерани од Русија.

– Амбасадорите на земјите од ЕУ во Русија одбија да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи. Наводно по совет на Брисел. Ова е во спротивност со самата идеја за постоење на дипломатски претставништва и улогата на амбасадори – напиша политичарот на социјалната мрежа Х.

– Всушност, сите овие амбасадори треба да бидат протерани од Русија и да се спушти нивото на дипломатските односи со земјите од Европската унија – додаде тој.

Лавров претходно изјави дека ги поканил амбасадорите на земјите од Европската унија на средба за разјаснување пред руските претседателски избори, но два дена пред закажаниот настан тие одбиле.

Претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, смета дека ваквото однесување на амбасадорот ја доведува во прашање важноста на нивните активности во Русија.

Слични содржини