Данил Медведев ќе игра во осминафиналето против Џејмс Дакворт следната вечер во Торонто, но се уште го пече неуспехот од Токио.
Русинот беше поразен на Олимписките игри од Пабло Карењо-Буста, подоцна освојувач на бронзениот медал.
Се разбира, му беше тешко, но интересно е како најде начин да се утеши – слушајќи што рече најдобриот играч на светот, Новак Ѓоковиќ, по поразот од истиот играч во Токио.
„Дефинитивно олимпискиот турнир беше тежок удар за мене, да бидам искрен. Кога Новак загуби, неговите зборови беа на сите социјални мрежи. По поразот во мечот за бронзениот медал, тој рече дека сите олимписки порази биле тешки за него, но дека секогаш се враќал посилен и знаел дека тоа ќе го направи посилен. Едноставно бев разочаран од тоа како завршија Игрите за мене. Тогаш си помислив: Човекот е веројатно најголемиот на сите времиња, има 20 слема и колку веќе мастерси… Ако тој вели така, морам да го следам она што го вели“, рече Медведев.