Медведев: Путин нема имот ниту сметки во странство

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин, како и другите политичари во земјата, нема сметки, имот или други значајни интереси во странство, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Претседателот, политичкото и военото раководство на земјата немаат. Тоа е очигледно“, објасни тој.

„И креаторите на западните санкции го признаваат тоа. Никој од нас нема странски имот, сметки или значителни интереси во странство“, рече Медведев.

Слични содржини