17
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денес се пошегува дека Москва е подготвена да посредува во „мировните преговори“ меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и милијардерот Илон Маск.
„Подготвени сме да го олесниме склучувањето на мировен договор меѓу Д и И за разумна такса, а како плаќање ги прифаќаме акциите на Старлинк. Не се карајте, момци“, сподели Медведев на мрежата Х.
Порано денес, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск.