Русија би можела да ги погоди украинските нуклеарни постројки во Источна Европа доколку се потврдат информациите за обид за напад на нуклеарната централа Смоленск со проектили на НАТО, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен шеф на руската држава, Дмитриј Медведев.
„Доколку се потврди обидот за напад на нуклеарната централа Смоленск Десногорск со ракети на НАТО, ќе биде неопходно да се разгледа сценариото за истовремен напад од Русија врз нуклеарните централи во јужна Украина, Ровно и Хмелницки, како и врз украинските нуклеарни постројки во Источна Европа“, напиша Медведев на Телеграм.
Според објавите на неколку канали на Телеграм претходно денеска, украинските војници се обиделе да извршат ракетен напад врз нуклеарната централа Смоленск.
Нуклеарната централа се наоѓа на три километри од градот Десногорск во областа Смоленск и на околу 150 километри од градот Смоленск.
Нуклеарната централа на својот канал на Телеграм објави дека два нејзини блока работат нормално, додека на третиот се врши планиран ремонт, пренесе ТАСС.