Медведев: Секоја војна може да се заврши со договор или со нуклеарно оружје

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Секоја војна може брзо да се заврши, а тоа може да се направи или со потпишување мировен договор или со она што го направија САД во 1945 година, кога употребија нуклеарно оружје против јапонските острови, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Во видеото објавено на Телеграм тој вели дека употребата на нуклеарно оружје ја скратила воената кампања во Втората светска војна, а цената за тоа била смртта на речиси 300.000 цивили.

„Генерално, секоја војна, па и светска, може многу брзо да заврши. Тоа може да се направи со потпишување мировни договори или со тоа што го направија Американците во 1945 година, кога употребија нуклеарно оружје и ги бомбардираа Хирошима и Нагасаки. Навистина тогаш ја скратија воената кампања, а цената беа животите на речиси 300.000 цивили“, наведе Медведев.

Слични содржини