Медведев: Цената на гасот може да порасне до 5.000 евра за илјада кубни метри

од Берта Китинска
168 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, презентираше нова прогноза за цената на гасот во Европа, велејќи дека верува дека до крајот на годината таа може да се искачи на 5.000 евра за илјада кубни метри.

„Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година“, напиша Медведев на Телеграм.