Медведев: Украина може да исчезне од политичката карта на светот

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев повтори дека Украина може да „исчезне од политичката карта на светот“ како резултат на актуелниот конфликт.

„Како ќе заврши се е јасно уште сега: Со неславен пораз на Киев, како во времето на грузиските агресори. А во иднина, сосема веројатно, со исчезнување на државата Украина, вештачки создадена на урнатините на СССР, од политичката карта на светот“, напиша Медведев во напис за магазинот „Аргументи и факти“.

Тој истакна дека друг исход од конфликтот ќе биде „срамното заминување“ на актуелните киевски власти.

Слични содржини