Медведев: Украина служи како слепо оружје во рацете на колективниот Запад против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Украина целосно ја загуби својата политичка независност, таа служи како слепо оружје во рацете на колективниот Запад против Русија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Затоа спроведуваме специјална воена операција, за да ги заштитиме нашите национални интереси и граѓаните на нашата земја. Тоа го прави секоја суверена, независна држава која се почитува целосно во согласност со Повелбата на ОН“, рече Медведев на меѓународниот меѓупартиски форум на поддржувачи на борбата против модерните практики на колонијализмот „За слободата на народот“ во Москва.

Додаде дека Москва смета дека е неопходно да се пресмета штетата предизвикана на различни земји поради колонијалната политика на Западот.

„Важно е да се систематизираат податоците за злосторствата извршени за време на колонијалниот период, да се започне објективна проценка на причинетата штета. Имено, да се процени штетата“, истакна тој.

Слични содржини