Медведев за австралиската публика: „Некои имаат многу низок коефициент на интелигенција“

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Данил Медведев го совлада Ник Кирјос во 2. коло на Австралија Опен, а по неговите зборови ќе биде „жешко“ на следниот меч.

Се избори Медведев против домашниот тенисер со 3-1 во сетови, но и со публиката која знаеше да се однесува непримерно.

За тоа придонесе и Кирјос, кој самиот ги предизвика реакциите на навивачите, на кои сигурно нема да им се допаднат зборовите на Русинот.

„Брејк топка, втор сервис, а луѓето веќе навиваат како да сте направиле двојна сервис грешка, тоа е само разочарувачки… Не секој го прави тоа, но тие што го прават, веројатно имаат низок коефициент на интелигенција“, рече Медведев.

Иритираа и врисоците „сиии“, кои се поврзуваа со прослава на гол во режија на Кристијано Роналдо.