Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи на Телеграм каде на шега го коментираше ставот на американскиот мултимилијардер Eлон Маск за решавање на конфликтот во Украина.
Во својата објава Медведев на шега предложи на Маск да му се додели „нов офицерски чин“ и рече дека е „штета што агентот во сенка се разоткрил“.
„Честитки за Маск! Тој заслужува нов офицерски чин и тоа вонредно. Штета е што агентот во сенка се разоткри. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја“, напиша Медведев во објава со шеговит емотикон.
Маск на Твитер претставил предлог како да се запре војната во Украина, пренесува „Танјуг“.
Тој наведе четири точки на „украинско-рускиот мир“ и ги покани корисниците да го кажат својот став за нацртот.
Тој изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои гласале за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, така и да биде.
Крим, како што напиша, формално останува дел од Русија, како што беше од 1783 година, односно до грешката на Никита Хрушчов.
Маск ги покани корисниците на Твитер да гласаат за овој предлог.