Медведев за налогот за апсење на Путин: „Одлуката на судот во Хаг ќе има монструозни последици“

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев оцени дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе има „монструозни последици“, односно уривање на принципот на правото.

Медведев на Телеграм напиша дека судиите на МКС се осмелиле „да кренат рака на најголемата нуклеарна сила“, пренесува РИА Новости.

Според неговата проценка, ефективноста на МКС е нула, а одлуката за апсење на Путин можела да биде донесена под голем притисок од САД.

На 17 март, Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд (МКС), чија надлежност Русија не ја признава, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавова-Белова, кои таа ги сомничи за воени злосторства, вклучително и илегалната депортација на деца од Украина во Русија.

Слични содржини