Медведев за оставката на Џонсон: „Првиот отиде, чекаме вести од Германија, Полска,…“

од Stefanija Kuzmanovska

Оставката на Борис Џонсон е логичен резултат на британската ароганција и посредната политика, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

– Вести од Лондон. „Најдобрите пријатели на Украина“ заминуваат. „Победата“ е во опасност! – истакна тој.

-Првиот што отиде … Логичен резултат на британската ароганција и посредна политика. Особено на меѓународно ниво. Очекуваме вести од Германија, Полска и од балтичките земји – напиша Дмитриј Медведев на Телеграм.

За потсетување, Борис Џонсон денеска поднесе оставка како лидер на конзервативците – но ќе остане премиер до есен.

Инаку, владата на Борис Џонсон досега ја напуштија повеќе од 50 владини претставници, меѓу кои и пет министри.

Слични содржини