Медведев: Зеленски не може да го разочара Западот, бидејќи тоа може да го чини живот

од Stefanija Kuzmanovska
754 прегледи

Русија не треба да го потценува непријателот: непријателот и западниот свет се подготвени да направат се за да ја избришат Русија од лицето на земјата, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев.

Тој на својот Телеграм канал додаде дека сега најважно е да се концентрираат што е можно повеќе и да одговорат на вистински начин. Според него, руската армија има значителна предност во авијацијата, оклопните сили, како и во високопрецизното оружје.

„И, се разбира, има морална предност“, нагласи тој.

Официјалниот претставник оцени дека Русија треба да го запре режимот во Киев, а потоа да започне офанзива со цел да го собори нацистичкиот режим. Украинската контраофанзива не е воопшто неочекувана за Москва, рече политичарот и посочи дека Киев нема друг излез, бидејќи треба да го оправда оружјето и парите што ги добил.

Медведев исто така смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не може да го разочара Западот, бидејќи тоа може да го чини не само политичката позиција, туку и животот.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно објави дека западните земји бараат од Киев да продолжи со офанзивните акции и да окупира нови руски региони, иако разбираат дека таквите планови се осудени на неуспех.

Слични содржини