58
Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека значењето на рускиот меморандум е брза победа за Русија и целосно уништување, како што изјави, на „неонацистичката влада во Украина“.
Медведев објави на својот Телеграм канал дека преговорите во Истанбул не биле потребни за „компромисен мир“ под нереални услови „измислени од некого“, туку за брза победа за Русија и „целосно уништување на неонацистичката влада“.
„Ова е значењето на рускиот меморандум што беше објавен вчера“, напиша Медведев, објави РИА Новости.