Меган Фокс не пие веќе алкохол поради настан од 2009 година

од Nikola Popovski

Познатата актерка Меган Фокс веќе 12 години не испила капка алкохол. Имено, на црвениот тепих на наградите „Златен глобус“ во 2009 година, кажала многу работи во алкохолизирана состојба, па уште тогаш решила дека е доволно и такво нешто нема да се повтори во нејзиниот живот.

Таа се присети на инцидентот од нејзината младост за време на интервјуто „Who What Wear“, нагласувајќи дека седела на маса со браќата Џонас и колега од актерскиот свет, Блејк Лајвли и дека имало повеќе од доволно шампањ, при што ни сама не е свесни колку чаши испила.

„Не знам ни колку чаши испив. Затоа повеќе не пијам. Дејствував некако… Воинствено. Нема што не реков, особено од работите што не беа потребни на црвениот тепих. Не се сеќавам што и како, само знам дека зборував многу“, рече таа.

Неколку години подоцна, таа призна за „Esquire“ дека никогаш не ѝ се допаѓало како влијае алкохолот врз неа. Истото важи и за лековите.

„Не можам да ги издржам апчињата. Не сакам ни да пијам. Во суштина, не ми се допаѓа кога немам контрола, а морам да бидам, кога станува збор за моето тело “, истакна таа за време на интервјуто во 2013 година.

Слични содржини